Вести

Малолетник пронајден мртов во семејниот дом

By Radio Bum

November 13, 2023

На 12.11.2023 во 11.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во својот дом во Куманово бил пронајден починат малолетник од Куманово, информираат од полицијата.

Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Сузана Андоновиќ