Вести

Двајца кумановци се тепале во Бабин Дол и го нарушиле јавниот ред и мир

By Radio Bum

November 03, 2023

Двајца кумановци го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во населбата Бабин Дол.

– На 02.11.2023 во 20.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во населба Бабин дол Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Д.(39) и И.П.(37), двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Сузана Андоновиќ