Вести

Општина Куманово ќе постави нови автобуски постојки

By Radio Bum

November 03, 2023

Раководителката на секторот Лидија Ланг Спасовска информираше дека ќе бидат поставени 32 нови постојки на главните сообраќајници во градот согласно линискиот превоз.

-Сите се лоцирани на главни артерии и се надевам дека ќе има правни субјекти што ќе бидат заинтересирани, изјави Ланг Спасовска.

Претходно и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски ги повика заинтересираните да се пријават.

На огласот ќе бидат понудени 32 локации, на булеварите, кружните текови, главните улици. Предвидени се три вида постојки со различна големина, дел ќе имаат и фотонапонски панели. Понудувачите ќе треба да ги дислоцираат постоечките кои граѓаните ќе ги користат се до фаза кога ќе бидат поставени 171 постојка.

Постоечките беа поставени пред неколку години од превозниците како обврска од добивањето на линискиот превоз.

Сузана Андоновиќ