Вести

Кој и зошто ја разреши директорката на Општа болница Куманово

By Radio Bum

October 19, 2023

Нема одговор зошто по само еден месец од назначување на директорско место е разрешена новата директорката на Општа болница Куманово, Биљана Ивановска. Министерот за здравство Фатмир Меџити кој денеска за прв пат дојде во посета на здравствен дом Куманово не ја знаеше причината. Тој кажа дека службите ке го дадат одговорот.  А службите од вчера не одговараат на прашањата.

На новинарско прашање дали Ивановска не е стручна да менаџира со Болницата во Куманово, тој кажа дека службите ќе ги дадат деталите.

По само еден месец од назначување на Биљана Ивановска за директорка вчера таа беше разрешена , а на нејзино место директор е назначен Фати Исмаили.

Сузана Андоновиќ