Вести

„Кажи не на дрогата-да на животот“, превентивни активности на МВР во  основното училиште „Толи Зордумис“

By Radio Bum

October 18, 2023

Отсекот за превенција при СВР Куманово во  основното општинско училиште „Толи Зордумис“ од Куманово, реализираше едукативна работилница „Кажи не на дрогата-да на животот“, посветена на превенција од зависностите од дрога.  Во рамки на работилницата, учениците беа запознаени со повеќе аспекти од превенцијата и спречувањето на зависностите од дроги и психотропни супстанци кај младите, за законските реперкусии и други последици што произлегуваат од користење и трговија со дрога, информираат од полицијата.

Сузана Андоновиќ