Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.П.(27) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајдена и одземена марихуана и две дигитални ваги.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.
Сузана Андоновиќ