Општинската организација на СДСМ од Куманово во среда, во чест на Денот на востанието, 11 Октомври ќе организира традиционален празничен пикник кој ќе се одржи на фудбалското игралиште на Спомен Костурницата во Куманово, со почеток во 12.00 часот. Александар Арсиќ, претседател на општинската организација на СДСМ од Куманово, денес ги покани граѓаните, а како што кажа на пикникот во Куманово ќе дојде и претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и партиското раководство на СДСМ.
-Дозволете ми во мое лично име и во името на Општинската Организацијана Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија од Куманово, Вам лично и на сите граѓани на Општина Куманово, да Ви упатам срдечни честитки по повод 11 Октомври – Денот на Народното Востание.
Пред 82 години, знајни и незнајни борци, со визија за слободна, независна и просперитетна Македонија, во Куманово и Прилеп, ја почнаа народно-ослободителната борба.
11 Октомври е ден од Македонската историја, кој не само што е симбол на Македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност.
Благодарение на овие луѓе денес можеме слободно и рамноправно да одиме по патот на европските и евроатлантските интеграции како врвен приоритет во развојот на нашата држава.
На овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народно-ослободителното востание.
По тој повод и оваа година Општинската организација на Социјалдемократски Сојуз на Македонија од Куманово на 11 Октомври (среда) во чест на големиот празник 11 Октомври -Денот на народното востание ќе организира традиционален празничен пикник кој ќе се одржи на фудбалското игралиштена Спомен костурница во Куманово, со почеток во 12.00 часот.
На празничниот пикник, ги поканувам сите наши граѓани, членови и симпатизери на Социјалдемократски Сојуз на Македонија заедно да гопразнуваме 11-ти Октомври.
Нека ни е честит и вековит празникот 11 Октомври– Денот на Народното Востание- рече Александар Арсиќ, претседател на СДСМ Куманово на денешната прес конференција.
Сузана Андоновиќ