Вести

Приведени четири лица од Куманово, краделе од паркирани возила

By Radio Bum

October 06, 2023

На 05.10.2023 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Р.(20), М.И.(31), Р.Р.(27) и Д.Р.(31), сите од Куманово. Тие се сомничат дека на 02.10.2023 на улица „Никшиќка“ во Куманово одзеле повеќе предмети од неколку паркирани возила. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од полицијата.

Сузана Андоновиќ