Пет пожари регистрира Регионалниот центар за управување со кризи Куманово на подрачјето на Куманово и Липково, информираа денеска од РЦУК. Во попладневните и ноќните часови гореле стрништа, сува трева и грмушки.
Пожарникарите од ТППЕ Куманово, гаселе пожари во Четирце по 18. 30 часот и во Љубодраг. Во селата Тромеѓа и Клечовце интервенирале на опожарена сува трева, грмушки, а во околината имало и куќи. Пожарот е изгаснат по 21. 30 часот, соопшти РЦУК Куманово. И во месноста „Ристови трла“ горело стрниште како и на патот кон Свети Николе во близина на село Павлешенце. Пожарникарите до раните утрински часови гаселе пожар и во Слупчане, општина Липково.
Сузана Андоновиќ