Вести

Општина Куманово ќе го корегира линискиот превоз во Стдена Бара, во интерес на учениците.

By Radio Bum

September 21, 2023

Општина Куманово ќе го корегира линискиот превоз во Студена Бара за учениците кои настава изведуваат во основно училиште Браќа Миладиновци во село Пчиња.

Ученици од кумановското село Студена Бара користат линиски, наместо школски превоз до соседното село Пчиња. Родителите бараат овој проблем да се надмине, бидејќи линискиот превоз не соодветствува со почетокот и завршувањето на училишните часови. Во изјавата за медиумите, тие посочија дека нема да ги пушат децата на настава. Сега, учениците доцнат на часовите поради немање превоз, а за дома чекаат повеќе од еден час . Двете села се оддалечени три и пол километри.

Сузана Андоновиќ