Вести

Во акциска контрола во Куманово казнети 89 возачи, еден возач возел со 3,64 промили алкохол

By Radio Bum

September 04, 2023

Во Куманово за време на викендот беше спроведена акциската контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.

Биле казнети 89 возачи, од нив како што известуваат од МВР, 53 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 23 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 9 за управување возило без возачка дозвола и 4 за возачи кои управувале мотоцикли без заштитна опрема . Кај еден од санкционираните за возење под дејство на алкохол биле измерени 3.64 промили.

МВР известува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Сузана Андоновиќ