Вести

Ја убил сопругата и нејзината мајка по што се самоубил

By Radio Bum

August 25, 2023

Две жени се убиени во стан на улица Лесковачка во Куманово, а извршителот на убиството се самоубил потврдуваат од полицијата. Увидот е во тек, а официјално повеќе информации ќе има по завршување на увидот.

Според информациите на соседите, убиството било извршено во раните утрински часови во стан во кое било и малолетно дете. Откако пријавиле во полиција, убиецот скокнал од зграда, го преживеал падот но починал во ургентен центар во Куманово.

Повеќе информации од полицијата ќе бидат објавени по завршување на увидот.

Сузана Андоновиќ