Секое прваче во општината Старо Нагоричане запишано во учебната 2023/2024 година ќе добие субвенции во износ од 3.000 денари, информираат од општината.
Субвенционирањето ќе се врши по доставен список со обезбедени податоци за родител/старател на ученикот од страна на општинските основни училишта на територијата на Старо Нагоричане.
Како што информираат од општината, на секое прваче ќе му бидат исплатени средства во висина од најмногу 3.000 денари.
Минатиот месец ваква одлука донесе и Советот на Општина Куманово, на секое првaче од есен да му се исплати по 2.000 денари.
Сузана Андоновиќ