,,Матурска рапсодија” беше насловот на модната ревија што се одржа вчера во лапидариумот на Националната установа Музеј на Куманово. Преку ревијата, од страна на матурантите беа презентирани модните трендови од 60-тите години на минатиот век.
– Сакавме да ги презентираме модните трендови на матурски фустан од 60-тите години и културата на живеењето, па сè до денес. Матурските фустани ги носеа сегашни матуранти од гимназијата „Гоце Делчев“ и „Перо Наков“. Дел од експонатите се од нашата сопствена збирка, друг дел се добиени по пат на откуп или подарок од градските семејства. Истражувањето траеше цела година и навистина е импозантно колку поголем број од градските семејства ги имаат сочувано фустаните, изјави м-р Анита Стојчевски, кустос советник од НУ Музеј Куманово.
Ревијата се организира по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на музеи – 18 Мај и актуелните матурски прослави во овој период од годината.
Сузана Андоновиќ