Куманово требаше да биде прв индустриски центар во Република Македонија или најголем спортски центар во Куманово затоа што кумановци се познати по спортот, а спортот во Куманово е изумрен, Куманово требаше да биде и прв административно и културен центар, но во Куманово за жал нема ништо по 30 годишно владеење на СДСМ “ изјави претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово Бобан Николовски на денешната трибина Младински политики во рамки на акцијата „Ова е Македонија, за сите“.
Тој додаде дека поради девастираните, неквалитетните и погрешните политики на СДСМ кој со Куманово владеат 30 години Куманово е доведено дереџе на кое никако не заслужува да биде.
„Тезата која СДСМ и политичарите што него го претставуваат во Куманово се вадеа 12 години дека цело време додека ВМРО-ДПМНЕ беше на централна власт го кочело Куманово и не ставило ниту една шајка во Куманово, не дало ниту еден денар во Куманово затоа што локалната власт во Куманово цело време е во рацете на СДСМ“, истакна Николовски
Николовски е дециден дека картите сега се сменија и седма година СДСМ е на власт и запраша каде е просперитетот на Куманово?
„Бидејќи за прв пат СДСМ го изгуби Куманово на локално ниво по 30 години владеење тие го заборавија сега Куманово затоа што немаат веќе контрола над Куманово и немаат личен интерес“, кажа Николовски.
Не ја губиме надежда, кажа Николовски и ги повика сите граѓани на Куманово да се приклучат на ВМРО ДПМНЕ.
Сузана Андоновиќ