На 16.05.2023 во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А.(25) од Куманово. Тој бил затекнат на булеварот „ Трета македонска ударна бригада“ како врши оштетување на паркирано патничко моторно возило. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе следува соодветна пријава.
Сузана Андоновиќ