Општинската организација на СДСМ на изборна конференција го избра новото партиско раководство на локално ниво, предводена од новиот претседател Александар Арсиќ.
На конференцијата присуствуваше највисокото централно партиско раководство, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, секретарот Миле Зечевиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и пратениците Мартин Костовски и Лидија Тасевска.
- СДСМ е партија на граѓаните. Секогаш сме на страната на нашиот народ и секогаш на вистинската страна на историјата. Нашите вредности се солидарноста и грижата за сите граѓани. Да се обединиме, да бидеме уште посилни и заедно да ги надминеме сите останати предизвици исправени пред државата, а победата е во заедништвото, рече Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ.
- На мое големо задоволство, во присуство на највисокото централно партиско раководство на СДСМ, во мое Куманово на Изборна Конференција на ОО СДСМ Куманово, со апсолутна поддршка од делегатите беше избрано ново раководство.
Во оваа прилика му честитам на претседателот Александар Арсиќ, како и на новиот состав на Извршниот и Надзорниот Одбор на Општинската Организација.
На мои кумановци им посакувам многу успеси, јас сум тука за секој еден кој ја негува социјалдемократската идеологија.
Заедно продолжуваме – мое Куманово било и ќе биде бастион на прогресот, на македонската социјалдемократија, објави Спасовски.
Сузана Андоновиќ