Во Секторот за внатрешни работи Куманово вчера пред 13 часот било пријавено дека настанал пожар во аптека на улица „Доне Божинов“. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид извршиле полициски службеници, информираат од кумановската полиција.
Според информациите на РЦУК на терен интервенирале петмина пожарникари со едно противпожарно возило во период од 12:40 до 13:30 часот.
Сузана Андоновиќ