Вести

Амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија ја посети кумановската гимназија

By Radio Bum

May 05, 2023

Амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, Хозе Луис Лозано Гарсија, денес ја посети гимназијата Гоце Делчев во Куманово, каде заедно со писателката Карла Делала ја промовираа нејзината стихозбирка на шпански јазик.

Во кумановската гимназија Гоце Делчев од 2001 година како трет јазик се изучува шпанскиот јазик, информираше директорката Марија Тодоровска.

Сузана Андоновиќ