Вести

МВР утврдило дека пајак возилото во Куманово е технички неисправно

By Radio Bum

April 29, 2023

Возилото на пaјак службата на ЈП „Куманово-паркинг“ е технички неисправно и нема сертификат за подигање на возила, информираат од СВР Куманово.

„При контрола на пајак возилото од страна на полициските службеници било утврдено дека тоа не е технички исправно,а при контрола на техничкиот преглед било утврдено дека возилото не поседува сертификат за употреба на кран за подигање на возила“, соопштува МВР.

 Поради утврдените пропусти возилото било исклучено од сообраќај.