Вести

Отворен оглас за поврат на средства за поставен соларен систем

By Radio Bum

April 28, 2023

Министерството за економија ќе ги надомести дел од трошоците за купување на сончеви термални колекторски системи во домаќинствата (колектор, резервоар за топла вода, потребна инсталација). За оваа намена издвоен е буџет во износ од 15 милиони денари и треба да се опфатат над илјада домаќинства. Кофинансирањето ќе биде до 30 отсто, но не повеќе од 15 илјади денари за домаќинство.

Услов е купувачите досега да не користеле средства од Буџетот на Република Северна Македонија за купување сончеви термални колекторски системи во својот дом.

Право на учество на овој јавен оглас имаат лицата кои имаат купено и вградено сончеви термални колекторски системи во своите домови во периодот од денот на објавување на јавниот оглас до 31.07.2023 година.

За да аплицирате за овој оглас потребно е да пополните:

-БАРАЊЕ за искористување на правото на надоместок што може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерствотo www.economy.gov.mk.

Барање Преземи

-ДОКАЗ во оригинал дека е извршено купувањето на сончеви термални колекторски системи, и тоа: фискална сметка (со датум од денот на објавување на јавниот оглас до 31.07.2023 година) или фактура со извод од деловна банка или уплатница (со датум од денот на објавување на јавниот оглас до 31.07.2023 година)

-ИЗЈАВА заверена на нотар со датум од денот на објавување на јавниот оглас до 31.07.2023 година (образецот на изјавата ќе може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk).

Изјава Преземи

-ФОТОКОПИЈА од лична карта на барателот

-ТРАНСАКЦИСКА сметка на барателот

Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок.

Барателите треба да ги достават комплетно сите потребни документи ставени во затворен плик до архивата на Министерството за економија секој работен ден од 9:30 до 15 часот или по пошта на следната адреса: „Јуриј Гагарин“ бр.15.

На пликот треба да биде назначено дека е за ЈАВЕН ОГЛАС ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ НА СОНЧЕВИ ТЕРМАЛНИ КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМИ ВО ДОМАЌИНСТВАТА ЗА 2023 ГОДИНА, заедно со ИМЕ И ПРЕЗИМЕ и АДРЕСА на барателот.

Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот ,прв дојден прв услужен”.

Листата на баратели кои го остваруваат правото на надомест ќе биде објавена на веб страната на Министерството за економија најдоцна до 30 Септември годинава.

Повеќе на линкот: Mинистерство за економија за надоместување на дел од трошоците за купување на сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2023 година

Сузана Андоновиќ