Вести

Апел за помош на малата Теодосија од Куманово

By Radio Bum

April 25, 2023

Теодосија од Куманово се уште нема четири години, а во моментот се бори со тешка болест WILMS тумор.

По онколошкиот третман и операцијата во Скопје,  девојчето мора да го продолжи лекувањето во Турција, за што е потребни голема сума на пари. Само за почеток на семејството му се неопходни 50.000 евра.

Теодора до крајот на неделата треба да биде на клиниката, заради тоа е потребно итно да се помогне, за побрзо да отпочне лекувањето. Со навремено обезбедување на средствата  Теодосија побрзо ќе заврши со лекувањето и ќе се врати дома да ужива во детската игра заедно со нејзиното семејство.  

Да помогнеме сите заедно малата Теодосија да излезе победник од најтешката битка во животот. Да донираме за насмевката на Теодосија да продолжи да го краси овој свет.

Со вртење на телефонските броеви:

 А1  143 470    

ТЕЛЕКОМ  143 102

Или на жиро сметка:

НАМЕНСКА СМЕТКА210-501733077127ТЕОДОСИЈА ЛАЗАРЕВСКА

ДЕВИЗНА СМЕТКАIBAN: МК07210501590833417SWIFT: TUTNMK22ANETA LAZAREVSKA

Сузана Андоновиќ