Вести

Приведенo едно лице во Куманово, при претерес полицијата му пронашла кокаин

By Radio Bum

April 13, 2023

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово синоќа во 21.00 часот, го лишиле од слобода А.А.(53) од Куманово.

Како што информираат од СВР Куманово, при преглед кај него на улицата „Циглана Вардар“ во Куманово бил пронајден кокаин, додека при претрес во неговиот дом, извршен подоцна со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сузана Андоновиќ