Вести

Приведен крадец кој бил фатен на лице место во ,, Стари лозја,,

By Radio Bum

April 11, 2023

Крадец бил фатен и приведен на местото на кражбата информираат од полицијата.

20 -годишен кумановец бил приведен откако е затекнат при извршување кражба во двор на семејниот дом на 84-годишен жител на Куманово во месноста „Стари лозја“.  Одземените предмети, како што информираат надлежните биле вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Куманово.

Сузана Андоновиќ