Викендов на подрачјето на Куманово изречени вкупно 224 санкции, 193 за брзо возење, информираат од полицијата,13 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 11 за управување возило без возачка дозвола и 7 за нерегистрирано возило.
Санкциониран е и едeн возaч поради возење под дејство на алкохол, односно по алкотестирање му биле измерени 2.57 промили.
- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од СВР Куманово.
Сузана Андоновиќ