Вести

Во министерство за земјоделство распишан јавен оглас за ангажирање на 25 студенти, за шест месечна платена пракса во министерството

By Radio Bum

March 27, 2023

Дипломирани студенти или студенти на завршна година на земјоделскиот факултет ќе можат да аплицираат на конкурсот за практиканство објавен од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде 25 практиканти ќе може да работат платено, шест месеци практиканска работа во секторите и управите на министерството, информираат од министерството.

Периодот за практиканската работа изнесува шест месеци со полно работно време. Практикантите за време на практиканската работа остваруваат право на надоместок во висина од 70% од минималната нето плата утврдена согласно закон, за практиканската работа во период до три месеци и надоместок во висина на минималната нето плата утврдена согласно закон, за практиканската работа над три месеци, сметано од четвртиот месец.

Рокот за пријавување на јавниот оглас е 10 дена од денот на објавување на веб страната на министерството www.mzsv.gov.mk, каде заинтересираните може да најдат и повеќе информации за апликацијата и потребните документи при апликацијата.

Сузана Андоновиќ