Вести

Поради изградба на подвозник, утре затворена ќе биде улица во Куманово

By Radio Bum

March 25, 2023

Поради изградба на подвозник, утре целосно ќе биде затворена улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Затворањето ќе биде во недела од 07:00 до 16:00 часот, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово

-Од  СВР Куманово апелираат до граѓаните да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници во дадениот временски период, стои во соопштението.

Сузана Андоновиќ