Вести

Часовникот се поместува вечерва, почнува летно сметање на времето

By Radio Bum

March 25, 2023

Со поместување еден час нанапред во недела рано наутро започнува летното сметање на времето кое ќе трае до 29 октомври.

Летното сметање на времето започнува во последната недела во март со поместување еден час нанапред, па времето во два часот наутро се смета за три часот наутро.

Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври или годинава на 29 октомври, со поместување еден час наназад, кога три часот наутро ќе се брои како два часот по полноќ.

Сузана Андоновиќ