Вести

За фалсификување на пари на лице од Србија му е поднесена кривична пријава

By Radio Bum

March 23, 2023

Отсекот за економски криминал при СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ј.(49) од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ по член 268 од Кривичниот законик. Пријавениот набавил фалсификувана банкнота во апоен од 100 евра и откако остварил влез во државата преку граничен премин Табановце, на бензинска пумпа на автопатот Табановце- Куманово извршил размена со фалсификуваната банкнота.

Приведено лице барано по потерница

На 22.03.2023 во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И.(37) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Сузана Андоновиќ