Вести

Приведен дилер во Куманово, во неговиот дом полицијата пронашла дрога

By Radio Bum

March 23, 2023

На 22.03.2023 во 17.40 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода А.М.(27) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и предмети со остатоци од марихуана.Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сузана Андоновиќ