Вести

Жителите на Љубодраг утре од 10 до 12 ќе го блокираат стариот пат за Скопје, ќе протестираат против уништувањето на свињите

By Radio Bum

March 16, 2023

Жителите на Љубодраг утре од 10 до 12 часот ќе го блокираат стариот пат Куманово-Скопје, на влезот на селото.

„Протестот ќе трае додека директорот на АХВ не го повлече решението за уништување на свињите, инаку издадено пред 6 месеци кога наводно во едно одгледувалиште во село Љубодраг е угината свиња од африканска чума. Од тогаш нема болни и угинати животни и затоа нема да дозволиме екипите на АХВ и Ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ да влезат во селото и ги повикуваме и жителите на околните села да ни се приклучат на протестот“, стои во соопштението од месната зaедница на Љубодраг.

Сузана Андоновиќ