Вести

Приведен штипјанец во Куманово, украл пари и предмети од седум деловни објекти, ги признал делата

By Radio Bum

March 14, 2023

 

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип. Тој се сомничи дека на 12.03.2023 влегол во седум деловни објекти, при што одзел пари и предмети. С.М. бил приведен во полициска станица и во службен разговор ги признал делата. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Сузана Андоновиќ