Вести

Полицијата потврди 8 пријави за напад од куче

By Radio Bum

March 13, 2023

За напад од куче во центарот на Куманово во полицијата имало поднесено 8 пријави, од кои 4 биле малолетници, информираат од секторот за внатрешни работи Куманово.

На 13.03.2023 во СВР Куманово било пријавено дека во централно градско подрачје во Куманово,  осум лица, од кои четири малолетници, биле каснати од куче. Се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од СВР Куманово.

Сузана Андоновиќ