Вести

Крводарителска акција во СВР Куманово

By Radio Bum

March 03, 2023

Припадниците на Секторот за внатрешни работи Куманово, во организација на СВР Куманово, а во соработка со општинската организација на Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина даруваа крв на првата, за тековната година, редовна крводарителска акција во просториите на кумановската полиција.

-Согласно годишниот план на МВР за 2023 година, во просториите на СВР Куманово е спроведена редовна крводарителска акција на вработените во СВР Куманово. Оваа крводарителска акција е прва по ред, во која се собрани 44 крвни единици, соопштија од СВР Куманово.

Акциите во кумановската полиција се одржуваат три пати годишно, во февруари, јуни и октомври.

Сузана Андоновиќ