Вести

Нападната и ограбена жена на улицата „Моша Пијаде“

By Radio Bum

February 27, 2023

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово лишиле од слобода четворица кумановци. Тие се сомничат дека на улица „Моша Пијаде“ физички нападнале 72 годишна жена и ѝ одзеле чанта. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, информира полицијата.

СВР Куманово

Сузана Андоновиќ