Вести

Запален автомобил на улица Моша Пијаде

By Radio Bum

February 20, 2023

Пожарникарите во Куманово имале четири интервенции во изминатите 24 часа, информираат од регионалниот центар за управување со кризи.

Според извештајот било интервенирано на запален автомобил на улица Моша Пијаде со едно противпожарно возило и 5 пожарникари.

Пожарникарите имале и три интервенции на пожар на запалена сува трева кај Митев Мост во периодот од 13:50-14:25 часот каде интервенирале со едно ПП Возило и 3 пожарникари. -Втора интервенција е во нас.Долно којнаре иод 15:30 до 16:55часот со едно ПП возило и 3 пожарникари и во нас.Карпош од 03:33 до 04:15 часот со едно ПП возило и три пожарникари.

Сузана Андоновиќ