Вести

СВР Куманово: Лажни се пријавите за бомби

By Radio Bum

February 16, 2023

Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Куманово завршија сите потребни проверки, информираат од СВР Куманово.

Секторот за внатрешни работи Куманово ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 2 училишта во Куманово по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Радио Бум