Вести

Сопственици на осумнаесет дуќани во гарнизон четири дена без струја

By Radio Bum

February 16, 2023

Четири дена без електрична енергија се 18 дуќани во гарнизон, сопствениците се револтирани и загрижени бидејќи нема кој да им помогне да го решат проблемот. Велат дека дефектот настанал како последица од протекување на канализациона мрежа од еден стан во локалитет гарнизон, над дуќаните. Тие за помош се обратиле во подружницата на ЕВН во Куманово каде им кажале да најдат лиценцирана фирма која ќе потврди дека нема да има проблеми доколку се пушти струја, а ако дојде до дефект на броилата штетата сами ќе ја сносат.

Ние немаме одговорност, не сме криви, ние сме во штета, четири дена не работиме, вели Ридван Селими, сопственик на дуќан.

– Јас бев на пат во Турција ми се јавија дека почнало да тече вода од горе од стан. Ги викнавме во понеделникот ЕВН дојдоа, но повторно немаше струја. Најдовме дека е протечено од каналот, сега е санирано. Но се уште немаме струја, бевме во ЕВН ни бараат потврда да дадеме согласност дека можеби ќе треба да се менуваат електричните броила, не знаеме што да правиме. Поплавата е од стан, реагиравме до станарите и до управителот. Тој ни рече дека ние не сме под нив и го решија проблемот со каналот, но ние сега сме без струја. Водата од горе е низ дуќанот и зафатено е броилото. ЕВН велат да викнеме фирма која е лиценцирана, да обезбеди дека тие ќе дојдат да ги сменат броилата или колективно да се собереме сите да ја земеме одговорноста доколку се уништени ние да ги платиме. Се видовме со фирмата управител, тие испратиле молба до ЕВН и да се види што ќе се направи. Четири дена не работиме, нема струја, немаме фискални сметки, а тука освен бутици за гардероба има и фризерници, аптеки и угостителски објекти, вели Селими.

Од лиценцираниот управител Вектор плус велат дека проблемот е саниран од нивна страна и трошоците ги намириле тие.

– На ден 13.02.2023 година добивме пријава за дефект на канализациона мреза, која се однесува на цел лолалитет Гарнизон од станарии со кои имаме скличено договор за управувачки работи и деловни простории со кои немаме склучено договор и немаме никаква надлежност. Од наша страна иако управуваме само со еден влез од локалитетот Гарнизон, веднаш беа превземени мерки за одстранување на дефектот. Ги ангажиравме од ЈП Водовод и приватно стручно лице кои работеа 3 дена и не информираа дека се работи за дефект од поголеми размери. Во меѓувреме го информиравме и надлежниот инспектор за домување кој излезе на лице место, изврши увид на фактичката состојба и остваривме состанок по кој добивме насоки за понатамошна постапка. Исто така доставено е баранје до ЕВН, писмено да одговори за процедура за повторно пуштанје на електрична енергија во локалитет Гарнизон. Уште еднаш нагласуваме дека се работи за дефект од поголем размер со кој се опфатени поголем број на деловни простории со кои немаме склучено договори и не им фактурираме за насите услуги, информираат од Вектор Плус.

Од ЕВН велат дека во мерниот ормар има вода. За да може да се приклучат повторно во мрежата, сопствениците се известени дека треба да ја проверат внатрешната инсталација и да обезбедат потврда дека истата е во ред.

Од општинскиот инспекторат за домување велат дека извршиле увид на местото, оствариле контакт со управителот, дале насоки за решавање на проблемот, кој мора да оди со писмено барање до ЕВН, но пред сè отстранување на дефектот. Од инспекторатот му наложиле на управителот да го контактира сопственикот на посебниот дел од каде е дефектот, да се изврши вештачење на местото од стручни лица за да се дојде до последна заклучок за проблемот. Исто така, наведуваат од инспекторатот дека деловните простории кои и припаѓаат на зградата, задолжително треба да учествуваат во наплата на тековно одржување и резервен фонд.

Сузана Андоновиќ