Едно лице почина, а двајца се повредени во пожар кој зафтил семејна куќа на улицата „Сава Ковачевиќ“, информираат од СВР Куманово.
Од полицијата информираат дека вчера во 16.55 часот било пријавено дека на ул.„Сава Ковачевиќ“ настанал пожар во куќа сопственост на 69-годишен кумановец. Во пожарот со тешки телесни повреди се здобил сопственикот, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал. Со повреди се здобиле и неговите синови на возраст од 33 и 44 години кои што биле пренесени во болницата во Куманово за укажување помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијаланата противпожарна единица Куманово.
Радио Бум