Разбојник со остар предмет се заканил на вработена во обид на разбојнишво, информираат од полицијата.
На 09.02.2023 година во 18.58 во СВР Куманово, М.Р.(37) од Куманово сопственик на деловен објект на улицата „Вараждинска“ во Куманово, пријавил дека едно лице со остар предмет се заканувало кон вработената, но не успеало да одземе ништо. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, информираат од Секторот за внатрешни работи, Куманово.
Сузана Андоновиќ