Вести

Приведени две лица од Тромеѓа, нападнале соселанин и му нанеле тешки телесни повреди

By Radio Bum

February 10, 2023

Две лица од Тромеѓа нападнале едно лице и му нанеле тешки телесни повреди, информираат од полицијата.

– На 10.02.2023 година во 03.00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.Т.(46) и С.Н. (50) од село Тромеѓа, кумановско. Тие се сомничат дека неколку часа претходно, во село Тромеѓа, му нанеле тешки телесни повреди на П.Т.(41), констатирани во Општа болница Куманово. Б.Т. и С.Н. се приведени во полициска станица, увидот е сѐ уште во тек и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Радио Бум