Вести

Тим од пет пожарникари од Куманово денес заминува во Турција

By Radio Bum

February 08, 2023

Тим од пет пожарникари од Tериторијалната противпожарна единица од Куманово заминува за Турција да помогнат во спасување на жртвите од земјотресот.

Во Турција ќе замине тим кој има завршено обука за користење на хидрауличен алат при урнатини и земјотреси и верувам дека ќе дадат максимум од себе, вели Дејан Илиевски, командирот на ТППЕ Куманово. Тој вели дека со едно возило и опрема ќе заминат пет пожарникари.

Нашата цел е да спасиме живот, подготвени сме за нашата мисија која ни преставува голем предизвик, вели Душан Цаневски кој беше прогласен и за пожарникар на годината.

Пожарникарите за Турција заминуваат денес, а ќе останат таму според потребите.