Советот на Општина Куманово денеска на вонредна седница одлучи да додели 1 милион денари помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Одлуката е донесена едногласно од присутните 27 советници.
„Средствата се од Буџетот на Општина Куманово за 2023 година, од ставката тековни резерви. Средствата во износ од 1.000.000 денари ќе бидат распоредени по 500.000 денари на двете држави“, стои во предлог- одлуката до Советот.
Сузана Андоновиќ