Вести

Патот до село Длабочица и село Герман непроодни од снежни наноси

By Radio Bum

February 07, 2023

Регионалниот пат Ранковце-Герман е непрооден, на потег од с.Станча-с.Герман, информираат од регионалниот центар за управување со кризи. Во текот на вчерашниот ден со машини се работело на расчистување на овој патен правец, а како што информираат надлежните со расчистувањето ке се продолжи и во текот на денешниот ден. Надлежните информираат дека патниот правец од с.Арбанашко до с.Дејловце е прочистен и сообраќајот се одвива непречено за сите моторни возила, а денес ќе продолжат со расчистување кон село Длабочица.

Сузана Андоновиќ