Над 1.200 загинати и над 5000 повредени-Расте бројот на жртви во земјотресот во Турција
Се зголемува бројот на жртвите од разорниот земјотрес што утринава околу 4 часот по локално време ја погоди Турција.
Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, загинале 912 лица, а сириските власти изјавиле дека во Сирија загинале најмалку 320 лица.
Ердоган рече дека досега се регистрирани над 5.380 повредени.
Медиумите потсетуваат дека земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 4 часот и 17 минути на југот во земјата.
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во негово лично име и во име на граѓаните на општина Куманово изразува искрено сочувство за семејствата на настраданите во катастрофалниот земјотрес кој ги погоди жителите на Турција и Сирија.
„Посакувам брзо закрепнување на повредените и што е можно помала штета. Нема зборови кои може да ја искажат болката и тагата по овој немил настан. Нашите мисли се со турскиот и сириски народ!“, потенцира Димитриевски.
Нов потрес со јачина од 7,5 според Рихтеровата скала бил регистриран околи 11 часот и 30 минути.
Сузана Андоновиќ