Б зона за паркирање од пролет ќе има на неколку локации во Куманово информираат од Куманово паркинг. Со воведување Б зона ќе се обезбедат дополнителни 400 паркинг места во Куманово, а целта е да се растерети А зона, вели Сашо Петрушевски, директор на ЈП. Куманово Паркинг. Б зона ќе се исцрта и кај училиштето Бајрам Шабани и поток Серава за што веќе се изготвени и проекти.
Цената на Б зона ќе чини 20 денари паркирање по час.
Во моментот во Куманово има 580 паркинг места во А зона, а паркирањето чини 30 денари, час.