Вести

Приведен дилер на дрога во Куманово, полицијата во неговиот дом пронашла 350 грама кокаин

By Radio Bum

February 03, 2023

Едно лице е приведено за поседување на наркотични сретства информираат од полицијата. По претрес во неговиот дом во Куманово биле пронајдени кокаин и две дигитални ваги.

-На 02.02.2023 во 19.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.Р.(28) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 350 грама кокаин и две дигитални ваги. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,- информираат од министерството за внатрешни работи.

Сузана Андоновиќ