Вести

Едно лице почина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат кај Доброшане

By Radio Bum

February 02, 2023

Едно лице почина по сообраќајна несреќа која синоќка се случила на регионалниот пат кај село Доброшане, информираат од полицијата. Животот го загубил 50 годишниот Г.И. од Куманово.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, на 01.02.2023 околу 20.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во с.Доброшане, кумановско, Г.И.(50) од Куманово, управувајќи патничко возило „алфа ромео“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркиран автобус на превозно претпријатие. Во несреќата, Г.И. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата во Куманово каде набргу починал. Увид на местото извршиле екипа од СВР Куманово и Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено за обдукција.

Сузана Андоновиќ