Вести

Засилени полициски контроли и ноќен радар за поголема безбедност во сообраќајот во претпразничните денови

By Radio Bum

December 28, 2022

Секторот за внатрешни работи, спроведува засилени сообраќајните контроли во Куманово за подигнување на свеста кај граѓаните и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Од полицијата апелираат секој од нас, посебно во овие претпразнични денови да се однесува одговорно во делот на сообраќајот и возачите и пешаците бидејќи сите се учесници во сообраќајот.

– СВР Куманово континуирано презема мерки и спроведува зајакнати акциски контроли за санкционирање на возила и возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Покрај дневните контроли за санкционирање возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, кои управуваат со возило под дејство на алкохол или оние кои непрописно престигнуваат, се врши и снимање со „ноќен радар“ за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Меѓу другото, полициските службеници се распоредени на терен и согласно своите законски надлежности преземаат соодветни мерки доколку се случи сообраќаен метеж, вели Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.

– Во името на Секторот за внатрешни работи Куманово апелирам посебно во овој период граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно со цел сите ние безбедно и смирено да ги поминеме престојните празници, вели Младеновска.

Сузана Андоновиќ