Вести

Исчезна Самир Салиевски, семејството бара помош

By Radio Bum

December 26, 2022

Самир Салиевски од Куманово од вчера, недела, се води како исчезнат. Салиевски има триесет и три години, а како што информираат од семејството последен пат бил забележан во Доброшане. Исчезнатото лице е глувонемо.

Од семејството апелираат до сите граѓани доколку имаат каква било информација во врска со оваа лице, да пријават во полициската станица или на контакт телефон 071 329 068.

Од СВР Куманово ја потврдија информацијата за исчезнатиот Салиевски.

– На 25.12.2022 во 22.00 часот во СВР Куманово, С.С.(21) од Куманово пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат С.С.(35) од Куманово, велат од кумановската полиција.

Сузана Андоновиќ